Брине треба да биде загрижен пред гостувањето кај опасниот Бран

2519 Бран – Брине (18.00 часот)

Бран на 11 меча сезонава во втората норвешка лига има дури 9 победи и две нерешени, не знае за пораз, доминантен и чудо би било ако не освои три бода против Брине. Гостите се 13-ти на табелата, во 11 кола освоија само 9 бода, но во одлична форма се, сите девет бода ги освоија во последните пет кола откако во првите шест редеа само порази. Брине во претходните три кола не прими гол, но вечерва игра против екипа која на 11 меча даде 34 гола. Во последните 20 години сите нивни меѓусебни дуели во Берген биле со 3 или повеќе голови.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.52)

 

2612 Гетеборг – Дегерфорс (19.00 часот)

Домашните се големи фаворити на хартија според неколку показатели, а не само поради историјата на клубот. Гетеборг влегува во ритам има две победи по ред, па ова му е шанса за хет-трик бидејќи Дегерфорс е претпоследен на табелата и во последните три кола освои само еден бод. Дегерфорс е најнеефикасен тим во шведската прва лига само со 9 погодоци во 11 кола. Во минатата сезона, Дегерфорс победи во Гетеборг со 3-2, сега е шанса за реванш.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

4210 Арсенал Саранди – Естудијантес (22.00 часот)

Ова е дуел на две екипи од долната половина на табелата во аргентинскиот фудбалски шампионат. Естудијантес е малку подобар, има 7 бода во пет кола, но откако тргна добро, губеше во претходните две кола. Арсенал уште не знае за победа, но има четири нерешени игри во првите пет кола, и тоа четири по ред откако на стартот загуби од Бока јуниорс. Веројатно нема да има дожд од голови. Девет години не било нерешено во меѓусебните дуели на овие екипи.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.22)

 

8336 Литванија – Чешка (18.30 часот)

Литванците ќе сакаат оваа фаза од квалификациите за СП во кошарка да ја завршат со максимални шест победи во шест кола. Од друга страна, Чесите имаат скор 2-3 и победата им треба за сигурен пласман во следната фаза квалификации. Реално е Чешка да биде во првите три во групата дури и ако загуби од Литванија, ќе им треба триумф на БиХ над Бугарија. Литванија на сите досегашни пет меча даваше над 70 поени. Чешка уште од 1999 не знае за победа над Литванија.

Предлог тип: 1-1 (1.96)

 

8339 Португалија – Црна Гора (20.00 часот)

Црногорците во минатото коло приредија големо изненадување со победа над Франција и обезбедија пласман во следната фаза квалификации за Мундобаскетот. Сега поопуштено може да влезат во дуел со Португалците кои немаат ниту една победа. Нема да има големи мотиви ни кај едните ни кај другите. Црна Гора дома ја победи Португалија со 14 поени разлика, вечерва би требало да има поголема неизвесност.

Предлог тип: >144.50 (1.65)

- Оглас -

Најнови вести