Една 50-годишна госпоѓа од градот Ковентри, по име Џоан Гордон, освои дури 250.000 фунти (околу 300.000 евра) откако, верувале или не, погоди дури седум работи кои ќе се случат на натпреварот Англија – Словачка.
Жената на бесплатната игра ITV picks заслужено доби џек-пот затоа што предвиде дека Словачка ќе води на полувреме, дека во регуларниот дел мечот ќе заврши 1-1, дека прв стрелец ќе биде Шранц, дека првиот жолт картон ќе го добие Гуехи, дека ќе има помалку од 10 корнери, дека првиот гол ќе падне во 25-тата минута и дека нема да биде досуден пенал на мечот.