Познатиот британски новинар, но и добар познавач на состојбите во Ливерпул, Дејвид Орнстеин, сподели радосни вести во навивачите на „црвените“, а тие секако дека се однесуваат на трите големи ѕвезди на кои им истекуваат договорите.
Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд се уште ги немаат продолжено договорите со Ливерпул и неизвесно е нивното останување на „Енфил“. Сепак, Орнстеин, вели дека раководството на „црвените“ на сите тројца им има понудено нови договори. Проблемот кај Салах и ван Дајк е времетраењето и платата, кај Александер-Арнолд е интересот од Реал Мадрид.
Според новинарот, шансите да останат на „енфилд роуд“ сите тројца се големи, бидејќи едноставно не може да се замисли без нив, а ова посебно се однесува на Мо Салах.