Бриж го откажа трансферот на Муриќи, Лацио се закани со тужба

Раководството на Лацио е гневно поради повлекувањето на Клуб Бриж за трансферот на голгетерот Ведат Муриќи.

Наводно косовскиот репрезентативец oд одредени причини не ги поминал медицинските прегледи пред да ја комплетира преселбата, а поради тоа Лацијалите се подготвени да поднесат тужба до ФИФА против белгискиот клуб.

Сумата од 11 милиони евра била договорена, како и личните услови на Муриќи со Бриж, но клубот во последен момент се повлече. Од Лацио тврдат дека прегледите се само изговор, му направиле нова проверка на косовскиот напаѓач и тврдат дека е во одлична физичка форма.

Калчолигашот сега ќе мора одново да му бара нов клуб на Муриќи, кој претставува проблем за Лацио. Во септември 2020 година Муриќи потпиша за Небесносините за сума од 20 милиони евра од Фенербахче, меѓутоа не ги оправда средствата и затоа клубот се обидува да се ослободи од него.

- Оглас -

Најнови вести