Брн ја запали соблекувалната на Њукасл со чуден танц: Последен пат кога го одиграв, две години не дадов гол (Видео)

Ден Брн, левиот бек на Њукасл, одигра егзотичен и чуден танц во соблекувалната на Чавките по победата од 2:0 против Лестер и пласманот во полуфиналето на Лига купот на Англија.

Брн го постигна голот првенец за Њукасл, со кој домаќините поведоа со 1:0 во 60-тата минута и левиот бек беше стрелец по долг период, по цели две години.

„Последен пат кога го одиграв танцот, не припарив до противничките голови и немав погодок цели две години. Сега ќе го одиграм и верувам дека нема да ми биде малер пак да чекам на гол толку долго“, рече Брн.

Во полуфиналето на ЕФЛ-купот е и Манчестер јунајтед, а денеска се играат последните две четвртфиналиња меѓу Саутхемптон и Манчестер сити и Нотингам форест и Вулверхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести