Бројки кои кажуваат дека Меси е главен фаворит за Златната топка

Лионел Меси чекаше и конечнно дочека да се израдува на трофеј со репрезентацијата на Аргентина. Гаучосите предводени од Меси стигнаа до титулата на Копа Америка. Аргентина во финалето на „Маракана“, во Рио де Жанеиро го победија домаќинот Бразил со 1:0.  Ова е првиот голем трофеј за Аргентина по пауза дури од 28 години.

Најзаслужен за титулата на Аргентина на Копа Америка е токму Меси. Капитенот даде четири гола, а имаше и пет асистенции, па сосема заслужено стигна до признанието за најкорисен играч на турнирот, но и за најдобар стрелец на Копа Америка.

Освен што ја освои Копа Америка, Меси во 2021 година се радуваше и на Купот на Шпанија со Барселона. Вкупно, на клупски и репрезентативен план Меси оваа година одигра 38 меча, во кои постигна 33 гола, а имаше и 14 асистенции. Дури на 26 натпревари на коишто играше, Меси беше прогласен за најдобар на теренот. Тоа значи дека на 68 отсто од мечевите на коишто играше во 2021 година, Лео го доби признанието за МВП на средбата.

Ако се гледаат резултатите и бројките кои Меси досега ги направи оваа година, многумина веруваат дека Аргентинецот е прв фаворит за ново освојување на Златната топка. Меси е рекордер со шест Златни топки, а нема да биде изненадување ако и по седми пат биде крунисан за најдобар.

Меси моментно е без клуб, а најавите се дека тој ќе остане во Барселона, клубот во кој ја помина целата досегашна клупска кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести