Бројките не лажат: Санчо на 20 години е подобар од Меси и Роналдо

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, вчера го прослави 20-тиот роденден, но сигурно без посебна забава, ако се знае дека собири се забранети во Германија, како и во цела Европа поради пандемијата со Коронавирусот. Бундеслигата е прекината и најмалку до 30 април Германците нема да го вратат фудбалот, но добро е за потсетување да се види учинокот на англискиот офанзивец.

Откако во 2018 година потпиша за Борусија Дортмунд, до својот 20-ти роденден Санчо настапи на 90 официјални натпревари. Во тие мечеви забележа вкупно 31 погодок и 42 асистенции, што е речиси двојно повеќе од учинокот на великаните Лионел Меси и Кристијано Роналдо на иста возраст.

Меси до 20-тиот роденден запиша 70 настапи за Барселона во кои реализира 26 гола и само 8 асистенции, додека Роналдо како играч на Спортинг Лисабон и Манчестер јунајтед одигра 107 меча во кои постигна 16 погодоци и исто толку асистенции.

Според статистиката не е ни чудо што англиските гиганти водат „војна“ за потписот на младиот Санчо и се шпекулираат суми до 150 милиони евра. Оваа сезона Санчо е втор асистент во Бундеслигата со 15 асистенции и една помалку од лидерот Томас Милер, додека со 14 гола е трет најдобар стрелец зад Левандовски и Вернер.

- Оглас -

Најнови вести