Бројот 9 беше повлечен по смртта на таткото, но го вратија во употреба за синот

Англискиот фудбалски нисколигаш Ексетер, го имаше повлечено дресот со бројот 9, но сепак на еден нов нивен член му дозволија да ја облече деветката, и тоа поради добра причина.

Кога на 31 година од рак почина нивниот играч Адам Стенсфилд, клубот пред 12 години реши да го повлече од употреба неговиот дрес со број 9.

Денеска, на позајмица од Фулам во Ексетер дојде синот на Адам, 19-годишниот Џеј Стенсфилд, и клубот му го даде дресот со бројот 9, кој своевремено го носеше неговиот татко.

- Оглас -

Најнови вести