Бруклин нетс и Филаделфија 76-ерс подготвуваат размена, главна ѕвезда ќе биде Харден

Бруклин нетс е расположен за да ја даде една од најголемите ѕвезди во тимот, Џејмс Харден во екипата на Филаделфија 76-ерс.

Според медиумите од САД, и самиот Харден немал ништо против трејдот и изразил желба за екипите да ги договорат условите. Сè уште не е познато кои играчи ќе бидат трејдувани на спротивна страна, но раководството на Филаделфија ќе се обиде да го вметне Бен Симонс.

Проблематичниот Австралијанец од почетокот на сезоната тренира надвор од тимот и покрај повиците од страна на соиграчите како и првата ѕвезда Џоел Ембид, тој останува и понатаму недостапен и бара да биде трејдуван во друг тим.

Последниот ден до кога ќе можат да се прават размени на играчи во НБА е до 10 февруари во 21 часот по средноевропско време.

 

- Оглас -

Најнови вести