Бруклин ќе бара излез од кризата со победа над Чикаго

8671 Чикаго булс – Бруклин нетс (НБА, 04:00 часот)

Иако важат за едни од најголемите фаворити за титулата во НБА-лигата, Бруклин во моментов се соочува со резултатска криза.

На последните седум натпревари имаат само две победи и дури пет порази. Иако во тимот барем за гостувањата се врати Кајри Ирвиниг, никако не можат да го пронајдат балансот и поради тоа паднаа на второто место во Истокот, препуштајќи му ја токму лидерската позиција на Чикаго.

„Булси“ конечно имаат конкурентен тим за високи дострели, но мајстори на кошарката, како Кајри Ирвинг, Кевин Дурант и Џејмс Харден не можат долг период да играат лошо.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

8672 Сакраменто кингс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 04:00 часот)

Овие два тима пред неполна недела одиграа ефикасен натпревар, кој на крајот им припадна на Езерџиите.

Но, во таа средба Лејкерси беа домаќини, додека новото калифорниско дерби ќе биде во организација на Сакраменто.

Повторно фаворитската улога е на страната на тимот кој е предводен од Леброн Џејмс, кој игра фантастично и речиси секој натпревар бележи над 30 поени, но неговите соиграчи неретко знаат да го остават сам на „цедило“, па затоа и овој натпревар најдобро е да се игра на повеќе поени.

Предлог тип: >230.5 (1.91)

 

8543 Донован Митчел (Јута џез – Кливленд кавалирс, НБА 03:00 часот)

Јута вечерва го пречекува Кливленд и има големи проблеми со повредени кошаркари.

За Џезерите во составот нема да бидат Руди Геј, Руди Гобер и Џо Инглс од играчите кои се во стартната петорка, па затоа целиот товар ќе падне на градите на Донован Митчел, како и Богдан Богдановиќ.

Границата за најдобриот играч на Јута изнесува 27,5 и изгледа навистина одлична.

Предлог тип: >27.5 (1.85)

 

8639 Филаделфија 76-ерс – Шарлот хорнетс (НБА, 01:00 часот)

Филаделфија навистина игра одлично во последно време, а доказ за тоа се и петте победи едноподруго. Но, и на спротивната страна ќе има расположен противник, кој не е за потценување.

Ако се погледне меѓусебната историја кога се игра во Филаделфија, тогаш ќе се увиди дека домаќинот ја има фаворитската улога на хартија бидејќи има четири победи во последните пет средби, а згора на сè тие се навистина убедливи, што ни дава право да типуваме дека домаќинот ќе триумфира со голема разлика.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -5.5 (1.90)

 

8201 Бостон бруинс – Монтреал канејдиенс (НХЛ, 01:00 часот)

Вечерва има само три натпревари од НХЛ-програмата, а ние го одбравме тој меѓу Бостон и Монтреал.

Гостите веќе одреден период мака мачат со зарезени со ковид-19 и поради тоа редат само порази. На оваа средба тие практично ќе бидат со младински состав бидејќи имаат дури 17-мина играчи коишто ќе отсуствуваат, но прашање е колку ќе можат да дадат отпор дури и тие ако се тука.

Бостон не блеска пред своите навивачи, но и покрај тоа, се наоѓа на осмото место и е во добра форма од четири победи на последните пет средби, додека сосема спротивен учинок имаат гостите коишто само еднаш се радувале на победата во последните пет средби и се „заковани“ на последното место во Источната конференција.

Предлог тип: 1 (1.50)

- Оглас -

Најнови вести