Бруно е португалска верзија на Дејвид Бекам, Јунајтед ги стопи Карамелите (видео)

Манчестер јунајтед со убедливата победа од 4-0 над Евертон успешно го заврши подготвителниот период. Карамелите се стопија среде „Олд трафорд“ и без борба го загубија ревијалниот меч, што е последен за двете екипи и веќе следниот викенд ги почнуваат обврските во новата сезона од Премиер лигата.

Гринвуд и Мегваер погодуваа за 2-0 во корист на Ѓаволите во воведните 15 минути, а во 29-тата минута се случи мајсторијата на Бруно Фернандеш, кој постигна фантастичен слободен удар од околу 25 метри. Конечниот резултат го постави Дало во финишот од средбата.

https://streamable.com/14tt0e

- Оглас -

Најнови вести