Бруно Фернандеш и Клуб Бриж во „инстаграм-војна“

На анкетата која ја прави УЕФА за прашањето дали Бруно Фернандеш вечерва ќе постигне гол за Манчестер јунајтед, одговор дојде и од официјалниот профил на Клуб Бриж и, се разбира, одговорот беше „не“ со додавка дека жал им е за Бруно и покажаа мускули и срца во боите на клубот.

Португалскиот фудбалер го виде тоа и им одговори: „Бриж, ќе се видиме подоцна“.

Ситуацијата на Јунајтед во Премиер лигата е таква што можеби само со освојување на Лигата на Европа би можеле да играат европски мечеви и следната сезона и затоа мечот им е важен.

 

- Оглас -

Најнови вести