Фиорентина го шокираше Јувентус, Елмас асистент за Наполи (Видео)

Јувентус доживеа шокантен пораз (0-2) на домашен терен од Фиорентина и многу веројатно дека ќе остане без пласман во Лигата на шампионите. Шер Ндур во 34-тата минута го најави изненадувањето, а Мандрагора го дотолчи Јуве со голот во 83-тата минута.

Рома го доби дербито со Лацио со 2-0 и се наоѓа пред влез во елитното европско натпреварување. Џанлука Манчини беше двоен стрелец за Рома на големото градско дерби.

Милан со 1-2 славеше на гости против Џенова, а Наполи со 0-3 победи против Пиза. Елмас беше асистент на голот на Рахмани, а претходно резултатот го отвори Скот Мектоминеј. Хојлунд ја завери победата.

Комо оствари триумф од 1-0 над Парма, со погодокот на Алберто Морено во 58-та минута.

- Оглас -

Најнови вести