Бруно ги држи сите конци во Јунајтед, ќе биде награден со двојно поголема плата

Од Бруно Фернандеш најмногу се очекува да ја направи разликата за Манчестер јунајтед, а португалскиот играч за врска ги оправдува сите очекувања од првиот момент кога пристигна на „Олд трафорд“ на почетокот од 2020 година.

Затоа управата подготвува нов погобат договор за Фернандеш по кој ќе заработува двојно поголема плата, односно 200.000 фунти неделно. Соработката ќе трае до јуни 2025 година, со опција договорот да се продолжи на уште една дополнителна сезона.

И вчера против Вест хем се примети дека Црвените ѓаволи многу зависат од Бруно. Во ситуација кога тимот на Солскјер беше во негатива од еден гол, Фернандеш влезе во второто полувреме и асистираше за израмнување, подоцна Јунајтед ја зграпчи победата.

Оваа сезона Фернандеш бележи 10 погодоци и шест асистенции на 16 меча во сите натпреварувања, додека во вкупно 38 дуели откако го облече црвениот дрес, Бруно стигна до учинок од 22 погодоци и 14 асистенции во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести