Брутален старт: Му ја скрши ногата, а мислеше дека несреќниот фудбалер само глуми (Видео)

На мечот од 11. коло во Премиер лигата на Канада меѓу Кавалри и Јорк се случи немил настан, по што настрада еден домашен фудбалер. Напаѓачот Оливер Минател заработи скршеница на ногата откако на него стартуваше еден противнички играч.

Стартот беше навистина брутален, а фудбалерот кој летна во воздух, едноставно нема контрола над скршената нога. Противникот кој го направи стартот воопшто не се возбуди и делуваше како да му е гајле за Минател, односно како да сака да изглуми, а не дека има заработено тешка скршеница.

https://twitter.com/i/status/1302326542505254920

 

- Оглас -

Најнови вести