Брутална тепачка на „Делиите“ на Север (Видео)

Копенхаген го преживеа пеколот во Белград, откако синоќа одигра 1:1 против Црвена ѕвезда, во првиот меч од третото претколо во квалификациите од Лигата на шампиони. Данскиот првак со гол од пенал стигна до посакуваниот погодок, а со тој гол остана и непоразен.

Гостите пред мечот најмногу се плашеа од атмосферата на стадионот „Рајко Митиќ“. Фановите на Ѕвезда направија одлична атмосфера, но во еден момент од мечот, на Северната трибина, каде што се најверните фанови на Црвено-белите, се случи голем неред.

Во масовна тепачка меѓу навивачите, беа повредени неколку фанови, а за да се смири ситуацијата, мораше да реагира и полицијата.

https://youtu.be/ZwoLuoW6YHU

 

- Оглас -

Најнови вести