Брутално е искрен: Јас бев најголемата утка на Челзи, Кепа ме надмина (Видео)

Крис Сатон е брутално искрен и си призна дека е една од најголемите утки на Челзи, но, за утеха, сега по повеќе од две децении посочи дека има наследник.

„Кепа Аризабалага е најголемата утка на Челзи по мене. Во 1999 година ме купија за 10 милиони фунти, и тоа во тој период беа големи пари. Не се снајдов добро и веќе следната година ме продадоа на Селтик за шест милиони фунти. Кепа ни оддалеку не покажа дека вреди да биде најскапиот голман на светот. Платија околу 80 милиони евра, што е неверојатно голема сума на пари за начинот на кој брани за Челзи“, вели Сатон.

Поранешниот напаѓач на Челзи одигра само една сезона во синиот дрес, во 1999/2000, и на 28 натпревари даде само еден гол, што е катастрофален учинок за фудбалер платен 10 милиони фунти во тоа време.

Кепа Аризабалага во 2018 година пристигна како големо засилување на Челзи од Атлетик Билбао и со трансферот од 80 милиони евра сè уште е најскапиот голман на светот.

Шпанскиот чувар на мрежата има најлош ефект, односно процент на одбранети удари во Премиер лигата, а направи и голем кикс на дуелот што вчера Челзи го загуби од актуелниот шампион Ливерпул со 0:2. Дури и тренерот на Челзи, Франк Лампард реши отворено да го нападне Кепа и го посочи како главен виновник за поразот од Ливерпул.

https://twitter.com/Asfrancisoffi1/status/1307794560400207874?s=20

 

 

- Оглас -

Најнови вести