Брутално искрениот О’Саливен: Треба да играм без рака или без нога за да ме победат (видео)

Рони О’Саливен вчера се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во снукер, а по триумфот над Динг, беше брутално искрен. Во краткото интервју за Би-би-си, О’Саливен истакна дека новата генерација снукерџии е толку лоша, што треба да игра без една рака или нога за да загуби.

„Ако ги погледнете помладите играчи, навистина се лоши. Не можам да ги наречам професионалци, можеби се пристојни аматери. Веројатно ќе треба да играм без една рака или нога за да ме победат и да ме тргнат од топ 50“, истакна легендарниот Англичанец кој во четвртфиналето на СП ќе игра против еден друг ветеран, Марк Вилијамс.

- Оглас -

Најнови вести