Брз гол и победа на разиграната Славија Прага

Злин – Славија Прага (18.00 часот)

Ова е прв меч за двата тима оваа сезона во чешката лига и сигурно ќе сакаат да се претстават во позитивно светло и со бод(ови) да ја почнат сезоната. Славија е во добра форма, даде 12 гола на мечевите во јули, од кои едниот беше Суперкуп на Чехословачка. И Злин не е лош, во подготвителниот период ја победи и Шкендија со 1-0, но тешко дека ќе одолее на нападите на гостите.

Предлог тип (квота на денот во Sport Life): 2 & 0-29 мин. (2.55)

 

Сундсвал – Хамарби (19.00 часот)

На девет од последните 11 пресметки на овие тимови кога Сундсвал бил домаќин, имало три или повеќе голови. Хамарби игра доста ефикасно на гостувањата кај Сундсвал, но тоа е историја, сега нема постигнато гол на последните три меча како гостин во шведската лига, а и Сундсвал на последните три меча дома не дал повеќе од еден гол. Затоа, веруваме дека овојпат нема да има премногу голови.

Предлог тип (квота на денот во Sport Life): Х2 & 2-3 (2.45)

 

Локомотив Москва – Рубин Казан (19.00 часот)

„Парната локомотива“ на нејзината арена во Москва во минатата сезона извојува три победи на последните три меча и јасно е дека се незгодни домаќини. Рубин многу често игра на 0-2 гола. Тимот од областа Татарстан, на последните пет меча против Локомотив нема дадено гол, а во мај беше 4-0. Кај Локо ќе го нема повредениот Перуанец Фарфан.

Предлог тип (квота на денот во Sport Life): 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

Чешка У19– Франција У19 (19.00 часот)

Французите секогаш се меѓу фаворитите на младинските шампионати, така е и на ова Европско првенство, кое се игра во Ерменија. Тие имаат само еден пораз на последните десет натпревари. Младите Чеси на последните свои шест натпревари и даваат и примаат гол. Ефикасноста на двете селекции нè примамува да ви советуваме да прогнозирате дека ќе паднат барем четири гола.

Предлог тип: 3+ (1.85)

 

Хелсингборг – Сириус (19.00 часот)

Хелсингборг нема победа на свој терен уште од 15-ти април, а по 14 кола има 14 бода, три помалку од Сириус. Во последно време, мечевите на Хелсинборг редовно се неефикасни, исто како и гостувањата на Сириус, па нема причина да не се обидете да ја следите традицијата и да прогнозирате дека ќе нема повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.82)

- Оглас -

Најнови вести