Брзо чука часовникот – Бјури има време до полноќ да не се повтори 1919 година

Навивачите на Бјури се бесни и според нив, сопственикот на еден од најстарите англиски клубови е виновен што се заканува исклучување од Лига 1, што би било прв таков случај по точно еден век.

Стив Дејл калкулираше со продажбата на клубот, иако беше предупреден од раководството на Лигата дека времето да ги подмири сите дологови што Бјури ги има брзо тече. Сега бара од навивачите и бизнис-заедницата, ако сакаат да го спасат клубот да му префрлат 3 милиони фунти на сметка.

Рокот е до 23.59 часот вечерва Бјури да има чисти сметки и цврсти гаранции дека ќе може да игра во Лига 1, натпреварување кое не го почнаа. Четири меча веќе им се одложени, па ЕФЛ нема простор за нови калкулации. Клубот што е основан во 1885 година и има две титули во ФА купот е пред нокаут и административно бришење од регистарот со професионални клубови во Англија.

Последен пат исклучување на клуб во Англија имаше во 1919 година, а навивачите на Бјури не се предаваат. Во знак на протест почнаа да се врзуваат со лисици во непосредна близина на „Гиг Лејн“ домот на еден од најстарите клубови на Островот.

- Оглас -

Најнови вести