Брзо закрепнување на шампионот, Хјустон го среди Денвер

„Воините“ од Голден стејт експресно им се вратија на победите по вчерашното разочарување од ЛА клиперс. Ноќеска настрада тимот на Атланта хокс со конечни 110:103. Во отсуство на Стеф Кари и Дрејмонд Грин, Дурант и Томпсон го предводеа шампионот до 12-тата овосезонска победа.

Атланта во поголемиот дел од средбата парираше на фаворизираниот Голден стејт, на изненадување, на паузата заминаа со блага предност од +3. Сепак, со дополнителни сили, Вориорс ја презедоа контролата на мечот и не дозволија нов шок.

Кевин Дурант со 29 поени и шест скока се истакна како најефикасен, Томпсон додаде 24 поени и четири асистенции. Кај Атланта, најрасположен на паркетот беше Таурин Принс со 22 поени.

 

Хјустон забележа триумф на тешкото гостување кај Денвер нагетс со конечни 109:99. „Ракетите“ им нанесоа дополнителни проблеми на Нагетси, кои наредија четири порази но низа. Триото Харден-Пол-Капела комбинираше 77 поени од вкупно 109 кои ги постигнаа гостите, младиот центар постигна 24, а „брадата“ беше расположен и да мести топки, па оствари дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 асистенции. Пол заврши со еден поен помалку.

Монти Морис беше најефикасен кај поразените со 19 поени, а ниту дабл-дабл учинокот на Никола Јокиќ (14 поени, 12 скока) не беа доволни за да се прекине негативната серија во која влезе франшизата од Колорадо.

Кливленд со триумфот од113:89 на Шарлот хорнетс ја забележа само втората победа во 13-тиот овосезонски натпревар.

- Оглас -

Најнови вести