Будуќност без идеја против одличниот Де Коло, Реал едвај против Дарушафака

ЦСКА Москва ја оствари 16-тата победа во Евролигата совладувајќи го тимот на Будуќност со убедливи 99:69. „Армејците“ на тој начин ја прекинаа мини-серијата од три победи на јадранскиот првак во контитненталното натпреварување, а воедно им се реваншираа за болниот минимален пораз во „Морача“ од ноември 2018 година.

Домаќините доминираа во текот на целата средба, а во последните моменти стигнаа и до највисоката предност од +30. Нандо Де Коло одигра уште еден одличен меч во кој забележа 26 поени, седум скока и исто толку асистенции, 17 поени додаде Хакет, со 14 заврши Родригез. Кај поразените, Норис Кол беше најефикасен со 11 поени, еден помалку постигна Бел.

Реал Мадрид успеа да слави во Истанбул против Дарушафака со 86:82. Европскиот првак ја запиша вкупно 17-тата победа, иако во последните минути им се закануваше ново разочарување, и тоа против најслабата екипа сезонава.

Иако во текот пресметката во „Фолцваген арена“ Реал имаше контрола, во последната четвртина домаќините успеаја да се вратат резултатски, во еден момент беше и нерешено, но сепак „кралевите“ се извадија на искуство.

Рендолф и Томкинс забележаа по 15 поени, Керол беше трет најефикасен играч на Реал. Најрасположен играч на Дарушафака беше Даглас со 27 поени, Еванс додаде 18.

- Оглас -

Најнови вести