Буфон е вечен – Ќе го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година

Јувентус му подготвува продолжување на договорот до 2021 година на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, објавија италијанските медиуми.

Буфон има 42 години и сè  уште брани иако се шпекулираше дека по завршувањето на оваа сезона што е прекината можно е да се пензионира.

Џиџи пристигна во редовите на Јувентус во 2001 година од Парма за тогаш рекордни за голман 52 милиони евра. Дресот на „црно-белите“ од Торино го бранеше без прекин до 2018 година, кога се пресели во Пари Сен Жермен, но лани повторно се врати во Јувентус.

Тој е еден од членовите на клубот што покажа огромна посветеност и лојалност кон најтрофејниот италијански клуб и остана да брани и кога Јувентус во 2006 година беше префрлен во понизок ранг, по аферата „Калчополи“.

Тоа во Јувентус не се заборава, па сега ќе има продолжување на соработката и за сезоната 2020/21.

- Оглас -

Најнови вести