Буфон и Кјелини се долготраен тандем, но само 19-ти по број на заеднички мечеви

Кога се спомнуваат суперпарови во кошарката, асоцијациите одат кон Коби и Шекил, Стоктон и Мелоун, Џордан и Пипен, а и во фудбалот има тандеми кои „се заборавиле“ од играње заедно на клупска и интернационална сцена.

Рекордери се Германците Сеп Мајер и Герд Милер, кои заедно во дресовите на Баерн Минхен и националниот тим на својата земја играле дури на 612 меча. Ниту еден друг пар во историјата не може да се пофали со таква бројка.

Мајер и Милер сега имаат 76 односно 74 години.

И второто место го држи голманот Мајер, кој заедно со Франц Бекенбауер одиграа 605 меча. Трети се Џон Тери и Френк Лампард од Челзи и Англија со 581 меч на кои биле соиграчи.

На листата има и други легендарни тандеми, како Мацола-Факети, Џерард-Карагер, Чави-Пујол, Малдини-Костакурта, Касилјас-Раул, Гигс-Сколс, а од активните, на 423 во моментов се Џиџи Буфон и Џорџо Кјелини од Јувентус и Италија. Тие до крајот на сезонава имаат прилика да се искачат некое место погоре, засега се на 19-тата позиција на најдолговечни фудбалски тандеми.

- Оглас -

Најнови вести