Италија го пропушти Светското првенство во Русија, а легендарниот голман Џанлуиџи Буфон мораше да стави крај на репрезентативната кариера со неуспех во баражот против Шведска. Буфон летово си замина од Јувентус и потпиша за Пари Сен Жермен.
Голманот кој веќе е во петата деценија од животот вели дека Италија како фудбалска нација не создава многу големи таленти во последно време. Популарниот Џиџи тврди дека единствената вистинска светла иднина за „аѕурите“ ја гледа во Марко Верати, со кој е соиграч во ПСЖ.
„Марко навистина е неверојатен играч. Во овој момент тој е единствениот вистински талент на италијанскиот фудбал. Тоа е така поради неговиот пристап на мечевите, карактерот, чувството за топка и визијата која ја има. Толку е добар што понекогаш останатите играчи се мачат да го разберат што сака да направи. Сепак, за среќа, Марко игра во тим во кој има многу добри фудбалери кои веднаш може да го сфатат што треба да направат“, вели Буфон за неговиот 25-годишен соиграч од ПСЖ.