Буфон: “Тоа беше мојата најголема грешка. Се откажав од 10 милиони евра“

Легендарниот Џиџи Буфон и со полни 45 години се уште е активен на фудбалските терени и брани за својот матичен клуб Парма. Пред пет години тој ја имаше првата интернационална авантура, кога на 40 години потпиша за ѕвезведниот ПСЖ, но тоа траеше само една сезона, по што следуваше враќање во Јувентус.

Во гостување во емисијата на Бобо Виери тој кажуваше за својот престој во Париз, а заминувањето до ПСЖ го нарече најголема грешка во својата кариера.

– “Заминувањето беше најголемата грешка во мојот живот, се откажав од 10 милиони евра. Ми рекоа дека Ареола ќе брани во Лигата на шампионите и јас не го прифатив тоа. Според мене треба да игра тој што заслужува. Затоа се вратив во Јуве. Потоа зажалив затоа што Ареола се повреди и тогаш ПСЖ потпиша со Кејлор Навас. Париз беше најубавото искуство во мојот живот. Се чувствував како слободен човек. Брзо научив француски, разговарав со луѓе на улица, посетував музеи… Имав чувство дека играм во голем тим.“ – вели Буфон за својот престој во ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести