Буфон за 10 дена треба да каже дали прифаќа тренер да му биде бивш соиграч

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, преку својот агент потврди дека има понуда кариерата да ја продолжи во Порто, клуб кој неочекувано остана без чувар на мрежата по срцевите проблеми на Икер Касилјас. Буфон има рок од 10 дена да донесе конечна одлука околу својата иднина.

Џиџи во моментов е слободен, ја отфрли понудата од Пари Сен Жермен за продолжување на договорот.

„Има интерес од страна на Порто. Буфон сака да брани уште една сезона, а Порто е клуб кој му се допаѓа. Но, тој има четири деца и треба да се договори со семејството. Џиџи има играно со Сержо Консеисао, убаво би било сега тој да му биде тренер. Порто е голем клуб со богата историја“, вели менаџерот на Буфон, Силвано Мартина.

Мартина вели дека за десет дена треба да се знае каде ќе брани Буфон, а освен Порто, во игра за ангажирање на легендата се и Аталанта, Парма и Бреша.

- Оглас -

Најнови вести