Бугарија е за греота, не може да го победи ниту Гибралтар (Видео)

Бугарите ја продолжија големата фудбалска криза и со нов селектор и доживеаја нов шок на Гибралтар каде одиграа нерешено 1:1 во меч од нашата група во Ц сегментот од Лигата на Нации.

Ветеранот Лијам Вокер е јунак на најслабата селекција во нашата група и погоди од пенал во 61. минута за сензационално реми, 1:1.

Ниту новиот селектор на нашиот источен сосед, Георги Иванов не најде рецепт да ја разбуди Бугарија, иако тие поведоа со голот на Минчев во финишот на првото полувреме.

Гибралтар доби шанса да израмни од пенал, кој беше потврден по прегледување на ситуацијата со помош на ВАР системот, а Вокер погоди за прв бод на оваа селекција.

Голот на Вокер можете да го погледнете ОВДЕ.

Македонија загуби од Грузија во четвртата група од Ц сегментот вечерва со 0:2, па Грузијците по три кола се со 9 бода, пред нас со 4, Бугарија со 2 и Гибралтар со едне бод.

Во А сегментот Португалија ја победи Чешка со 2:0, а Шпанија беше подобра од Швајцарија и славеше на гости со 1:0.

Во Б сегментот Србија ја победи Шведска на гости со голот на Лука Јовиќ, додека Норвешка и Словенија одиграа без голови.

Во уште два меча од нашиот Ц сегмент, Грција беше подобра од Кипар и победи со 3:0 и Косово ја надигра Северна Ирска и славеше со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести