Бугарија и Црна Гора најчесто играат нерешено, дали ќе биде така и денес?

Репрезентациите на Бугарија и Црна Гора денес со меѓусебен натпревар ќе ги отворат Квалификациите за Европското првенство 2024 со дуел во Разград. Натпреварот од групата Г е интересен бидејќи во понудата на Sport Life и двете репрезентации имаат иста квота за победа, по 2.75, нешто што е реткост.

Но, зошто е тоа така? Овие две репрезентации низ историјата имаат одиграно вкупно шест меѓусебни натпревари, од кои дури четири завршиле нерешено. Дополнително, последните три натпревари помеѓу Бугарија и Црна Гора завршија исто така нерешено. Доколку ѝ верувате на традицијата и статистиката, тогаш квотата дека нема да има победник на денешниот натпревар во Разград е одлична, 3.05.

Натпреварот започнува во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести