Бугарите „плачат“ по поразот во Загреб: Ограбени сме

Бугарскиот првак Лудогорец е елиминиран од Динамо Загреб во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите откако по двата меча, хрватскиот тим беше подобар со вкупни 6:3.

Синоќа на „Максимир“ имаше еден невообичаен меч на кој беа досудени три пенали (два за домаќините и еден за гостите), како и три црвени картони, сите за фудбалери на Лудогорец. По завршување на средбата, гостите од Бугарија беа многу лути на судијата Бено Бастиен.

„Тешко е да се најдат зборови по ваков меч. Првото полувреме го одигравме лошо, но потоа и со фудбалер помалку го надигравме Динамо. Ако успеавме да ја искористиме шансата за 3:3, можеби ќе дојдевме и до пресврт. Судијата и сега во Разград беше 12-ти играч на Динамо“, рече по мечот двократниот стрелец на Лудогорец, Кирил Десподов.

И бугарските медиуми се жалат на судијата. „Францускиот судија го уништи Лудогорец со три црвени картони и два пенали во Загреб за 2:4“, се дел од коментарите во бугарскиот печат.

- Оглас -

Најнови вести