Бугарите се плашат дека може да загубат и од Гибралтар

Бугарија разочарувачки ги започна мечевите во Лигата на нациите откако освои само еден бод во дуелот со Македонија (1:1), а потоа загуби од Грузија со 2:5, па селекторот Јасен Петров си даде оставка.

Бугарската репрезентација едноставно е во нокдаун, а вечерва ќе имаат шанса да ја вратат самодовербата бидејќи играат против најслабата селекција во групата, Гибралтар. Мечот се игра во Гибралтар, а бугарските медиуми стравуваат дека нивната селекција може да доживее нов дебакл и да загуби.

Бугарите пишуваат дека Гибралтар е земја која е членка на УЕФА и ФИФА од 2013 година, досега одигра 67 натпревари, во кои има дури 54 порази, само седум нерешени и шест победи. Гол-разликата на Гибралтар е само 24 дадени и дури 233 примени погодоци.

Шесте победи на Гибралтар се против Малта (1:0), Летонија (1:0), Ерменија (1:0), Сан Марино (1:0) и две победи над Лихтенштајн (2:1 и 1:0). Коментарите се дека ако бугарската репрезентација не промени нешто во својата игра, може да се случи Бугарија да застане во редот со Малта, Сан Марино, Лихтенштајн…

Бугарија и Гибралтар имаат одиграно еден пријателски меч, и тоа во Софија, а домаќините победија со 3:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести