Бугарската судијка се мачеше, а трикратниот светски првак уште повеќе ја засрами (Видео)

На вечерашниот меч на Мастерс турнирот во снукер помеѓу некогашните светски шампиони Стјуарт Бингам и Марк Вилијамс, се случи една необична ситуација во која главен актер беше судијката Десислава Божилова.

После едно уфрлање на розевата топка во дупка, Божилова требаше да ја врати розевата на нејзино место, но околу точката имаше неколку црвени и не беше лесно да се постави розевата без да се допрат црвените топки. Божилова е ниска и се мачеше да ја постави розевата, а кога конечно успеа некако доби аплауз за поддршка од публиката.

На потег беше Вилијамс, кој на Десислава и дофрли нешто на што сите се смееја. Велшанецот ја праша судијката: Може ли да ја избришете розевата топка?

Ова беше кажано на шега, секако и тој не би сакал да гледа уште еднаш како розевата се извлекува од таа „бункер“ позиција и повторно да се врати после евентуално нејзино бришење од траги од прсти или нешто друго.

 

- Оглас -

Најнови вести