Бугарски скандал – Квартет црномурни фудбалери одбија да играат, навивачите на ЦСКА им фрлаа банани (Фото)

Играчите на ЦСКА Софија едвај се пробија до стадионот „Бугарска армија“ во главниот град, а четворица фудбалери, сите црномурни, одбија да играат на мечот со Ботев Пловдив.

Скандал направија навивачите на ЦСКА, кои не дозволуваа автобусот со играчите да дојде до стадионот, а го гаѓаа со банани и тврди предмети.

Квартетот фудбалери со црна боја на кожата тоа го сфатија како провокација на расна основа и одбија да играат на дуелот што се играше вечерва, а беше неважен за ЦСКА Софија и заврши без голови.

На 2 јуни Македонија треба да ѝ гостува на Бугарија во Разград, во премиерниот меч од новото издание на Лигата на нациите.

Вообичаено Бугарите играат во Софија, но најмногу од политички причини и страв од инвазија на македонските навивачи одбраа да играат во Разград.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести