Бугарскиот репрезентативец реален: Доста бараме оправдувања, треба да ја наведнеме главата

Бугарија продолжи да ги разочарува своите фудбалски навивачи, откако синоќа не успеа да го победи Гибралтар. Дуелот во Гибралтар заврши 1:1, а Георги Минчев кој го постигна погодокот на Бугарија, беше многу самокритичен.

„Тешко е да се збори по еден ваков меч. Нема веќе оправдувања. Треба да ги наведнеме главите и да работиме. Мислам дека само со многу работа може да излеземе од оваа дупка. Немам објаснување како не победивме. Водевме со 1:0, а на полувреме се договоривме дека треба да дадеме и втор погодок. За жал тоа не се случи и на крајот примивме гол. Факт е дека создадовме многу малку шанси за игра против ривал како Гибралтар“, рече Минчев.

- Оглас -

Најнови вести