Бугарскиот шампион загуби од косовскиот првак на стартот од квалификациите за ЛШ

Косовскиот шампион Балкани славеше со 2:0 против Лудогорец во првиот меч од првото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Домаќинот поведе во последните моменти од првото полувреме преку Кореница, додека конечниот резултат го постави Зуба во 55-тата минута.

Минимална победа на домашен терен оствари полскиот шампион Раков против Флора, и тоа благодарение на голот на Кочергин во 54-тата минута.

Олимпија Љубљана благодарение на головите на Нукиќ и Руи Педро со 2:1 го совлада летонскиоот Валмиера.

Исландскиот Бреидабик откако успешно ги помина претквалификациите, приреди изнесување во Ирска, каде што со 0:1 го совлада Шемрок роверс.

Резултати:
Урарту – Зрињски 0:1
Линколн – Карабах 1:2
Жалгирис – СТРУГА ТЛ 0:0
Хамрун – Макаби Хаифа 0:4
Олимпија – Валмиера 2:1
Раков – Флора 1:0
Балкани – Лудогорец 2:0
Клаксвик – Ференцварош 0:0
Партизани – БАТЕ Борисов 1:1
Шамрок – Бреидабик 0:1

- Оглас -

Најнови вести