Бујук чочек во Истанбул, Локоси слабо играат флипери (Видео)

Адем Бујук постигна интересен гол за Галатасарај во 11. минута, со кој турскиот клуб води против Бриж со 1:0 по првото полувреме во Истанбул на еден од двата премиерни натпревари од петтото коло во Лигата на шампионите.

Искусниот напаѓач одигра во стилот на познатиот чочек, падна на колено, но се снајде и ја затресе мрежата на Мињоле.

Во Москва играчите на домашниот тим Локомотив одиграа лош флипер во истата, 11. минута, а Едер лошо ја изби топката по корнерот на гостите, го погоди својот соиграч Жемалетдинов и Баер поведе со чуден погодок.

https://twitter.com/SteveEl5/status/1199392411530731521?s=20

 

 

- Оглас -

Најнови вести