Бундеслигашкото дерби ќе понуди ефикасен фудбал

1001 Вест Хем – ВБА (19.00 часот)

Ова е дуел на две екипи кои се во добро расположение. ВБА во минатото коло го доби локалното дерби со Вулверхемптон, и најави дека има намера да се бори за опстанок. Вест Хем има две победи по ред, три кола по ред нема примено гол, а веќе четири кола во низа не знае за пораз. Чеканите се фаворити, но пред неполн месец, на 25 јануари во ФА купот, ВБА победи на олимпискиот стадион во Лондон со 1-0. ВБА од 2003 нема гостинска лигашка победа над Вест Хем.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.82)

 

1002 Лестер – Челзи (21.15 часот)

Интересно е што Лисиците имаат шест бода повеќе од Сините, а двата тима имаат потполно иста гол-разлика после 18 одиграни меча. Лестер има две победи по ред, Челзи не е во посакуваниот ритам, но ова е меч кој ако го добијат, ќе се вратат во борба за места кои водат во ЛШ. Кај гостите ќе го нема Канте, некогашниот играч на Лестер е суспендиран. Проблем за Лестер е традицијата, дома не славеле против Челзи уште од декември 2015 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

1802 Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд (20.30 часот)

Аспирините до пред еден месец беа сериозен кандидат за титула, но во последните четири кола освои само еден бод, и веќе е далечни седум бода зад Баерн. Борусија е во налет, и има ист број бодови со тимот на кој му гостува. Двата тима имаат проблеми со повредени играчи, а тимот од Дортмунд е незгоден гостин кој од крајот на септември наваму, дава гол(ови) на сите гостувања. Последните пет меѓусебни дуели на овие тимови беа спектакуларни и завршуваа со 4 или повеќе голови.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.80)

 

1303 Алавес – Севилја (21.30 часот)

Севилја во минатото коло загуби од Атлетико што не е кикс, но им беше прекината убава серија без пораз. Алавес има два порази по ред во лигата, се чпоисрамотија во купот кога примија пет гола од второлигашот Алмерија, па и баскијците ќе бидат мотивирани да освојат барем бод. Андалузијците со победа ќе дојдат на само бод зад третата Барселона. Последните четири нивни дуели во Виторија беа тврди, со 0-2 гола.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.70)

 

3051 Рома – Специја (21.15 часот)

Наполи чека да види со кого ќе игра во четвртфиналето на Купот на Италија, а тоа ќе биде поуспешниот од двобојот на Рома и Специја. Волчицата викендов беше декласирана од Лацио во градското дерби и разнишана е пред мечот со Специја, на кој домашните секако се фаворити на хартија. Рома на „Олимпико“ нема загубено уште од 2 јули, но во куп меч во декември 2015 година, Специја на пенали славеше против Рома во Рим.

Предлог тип: Т1 2-3 (1.98)

- Оглас -

Најнови вести