Бундеслигата стартува на 5 август со гостување на Баерн во Франкфурт

Со гостување на шампионот Баерн Минхен кај Ајнтрахт во Франкфурт, на 5 август во 20.30 часот ќе започне новата сезона во германската фудбалска Бундеслига. Тоа ќе биде 103-ти меѓусебен дуел на овие два клуба.

Вицешампионот Борусија Дортмунд во првото коло игра дома со Баер Леверкузен, кој беше трети во минатата сезона, а Лајпциг тргнува со гостување кај Штутгарт. Шалке 04 му гостува на Келн, а во првото коло ќе има и берлинско дерби помеѓу Херта и Унион.

Првата средба на Баерн и Борусија е на 7, 8 или 9 октомври во Дортмунд. По 13-ти ноември следува пауза поради Светското првенство во Катар. Бундеслигата ќе продолжи на 20 јануари 2023 и ќе трае до 27 мај.

- Оглас -

Најнови вести