Бунтовникот Зијех таман пред Мундијалот покажа каков велемајстор е, погоди од пола терен (Видео)

Хаким Зијех постигна извонреден гол за Мароко против Грузија и погоди од половина терен.

Една од главните ѕвезди кај Мароканците мудро ја искористи ситуацијата при една загубена топка на Грузијците, виде дека Мамардашвили е излезен од голот и го лобуваше со проектил од над 50 метри.

Тоа беше вториот гол на мечот и Мароко има убедливи 2:0 против Грузија на пријателскиот меч пред Мундијалот.

Мароко е во Ф групата со Белгија, Хрватска и Канада.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести