Бурак Јилмаз лани му донесе титула на Лил во Франција, а сега потпиша за потпросечен холандски прволигаш!

„Кралот секогаш победува“. Со овие зборови холандскиот клуб Фортуна Ситард се пофали дека го ангажирале турскиот фудбалски крал Бурак Јилмаз. Договорот е дури на пет години, што значи дека Јилмаз треба да остане таму и кога ќе има полни 41 година, додуша две како играч, а потоа како тренер во академијата.

Ова е изненадувачки трансфер бидејќи иако има 36 години, ветеранот уште е играч кој прикажува одлични партии. Јилмаз, кој во кариерата постигнал повеќе од 300 гола, беше најзаслужен што Лил во 2021 година ја освои титулата во француското првенство.

Сопственик на Фортуна е турски бизнисмен и веројатно тоа е главна причина што Бурак потпиша за тим кој беше 16-ти во холандската лига во сезоната која заврши неодамна.

- Оглас -

Најнови вести