Буркина Фасо ја имаше бронзата в раце, водеше 3-0 до 72 минута, но Камерун магично се извлече

Луд натпревар за трето место се игра на Африканскиот куп на нации. На Камерунците кои се домаќини и беа разочарани што не се најдоа во финалето, се чинеше дека не им се игра овој меч, па губеа со 0-3 до 72-ра минута.

Тогаш, Бахокен намали на 1-2, и ја разбуди надежта дека може да останат непоразени по регуларните 90 минути. И навистина се случи тоа, првиот стрелец Венсан Абубакар со погодоци во 85-та и 89-та минута израмни на 3-3 и предизвика воодушевување на стадионот.

Камерун дома не загубил во регуларни 90 минути уште од далечната 1976 година. Буркина Фасо во 2017 година го освои третото место на африканското првенство, се чинеше дека и сега ја имаат бронзата, но благодарение на киксевите на голманот кој се повреди Уедраого при примениот трети гол, потклекнаа во финишот и психолошки ќе бидат во проблем при пеналите.

- Оглас -

Најнови вести