Бурса со Македонец помошник-тренер, оди по титула во Еврокупот и место во Евролигата

Екипите на Виртус Болоња и Бурсаспор вечерва во Болоња го играат финалето на кошаркарскиот Еврокуп, а овој дуел е интересен и за македонската јавност. Помошник-тренер на турскиот тим е Македонецот Мирко Петрески, некогашен играч, а и тренер на Гостивар.

Според квотите, фаворит е домашниот тим, кој е предводен од Теодосиќ, Белинели и Шенгелија, но Бурса покажа дека е многу силен тим кој успеваше да победи и во Белград против Партизан пред 20.000 противнички фанови.

Петрески има можност да стане првиот Македонец со пехар од Еврокупот, но Виртус во групната фаза сезонава двапати победуваше против Бурсаспор.

- Оглас -

Најнови вести