Бускетс ѝ рече збогум на шпанската репрезентација

По 143 одиграни натпревари во дресот на шпанската репрезентација, Серхио Бусектс реши дека е време да се пензионира од националниот тим. Повеќе од 13 години Бускетс играше за Шпанија, а дебито го имаше на 13 февруари 2009 година.

Тој беше дел од златната генерација која стигна до историската прва и засега единствена светска титула за Шпанија на Мундијалот во 2010 година. Потоа настапи и на Европското првенство во 2012 година, кога Црвената фурија повторно се закити со златото.

Бускетс, кој има 34 години, даде два гола во репрезентативниот дрес, а првиот му беше на дуел против Македонија на 8 септември 2014 година, во убедливата победа од 5:1.

- Оглас -

Најнови вести