Интер Мајами продолжува со одличните игри и победите во МЛС лигата и сосема засулежно е на првата позиција во Источната конференција, но има и најмногу бодови од сите екипи во двете групи. Најнова жртва на „розовите“ беше Ди Си јунајтед, кој беше совладан со 1-0 на домашен терен, со голот на Леонардо Кампања во 94-тата минута.
Еквадорецот неколку секунди претходно влезе во игра и со првиот допир на топката успеа да постигне ефектен гол, но половина од работата ја заврши Бускетс со перфектната топка која му ја сервираше од својата половина.