Буцкото од Јужна Кореа фати жива топка, а потоа светна контра од учебник (Видео)

Јужнокорејците ги загубија двата натпревари во првите две кола на ракометниот Мундијал во Полска и Шведска, но играат атрактивно и против Исланд во последното коло ќе бараат пласман во вториот круг.

Денеска беа поразени од Португалија со 24:32, но ја изведоа најубавата акција на мечот, па можеби и на денот.

Голманот Донгук Ким кој изгледа како да има 10-15 килограми вишок одлично одбрани и фати жива топка и од седечка позиција отвори напад, а контрата што ја изведоа Корејците беше блескава и како од учебник, со гол од зицер позиција.

- Оглас -

Најнови вести