Чаби Алонсо сака во Челзи да го доведе својот омилен играч

Чаби Алонсо им наредил на челниците на Челзи да ја доведат големата ѕвезда од лутиот ривал, која вреди 134 милиони евра. Шпанецот подготвува спектакуларен потег бидејќи сака управата на клубот од Ливерпул ова лето да му го доведе Флоријан Вирц.

Алонсо одлично го познава Вирц бидејќи му помогна да се развие во еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во светот. Сето тоа, секако, се случи за време на нивниот заеднички престој во Баер Леверкузен.

Вирц постигна 18 голови и додаде 20 асистенции на 49 одиграни натпревари во сезоната 2023/24 на патот до титулата во Бундеслигата.

Вирц беше клучна алка во машинеријата на Алонсо наречена Баер Леверкузен и беше прогласен за играч на годината во Бундеслигата.

Работите не се одвиваа така како што се надеваа ниту Алонсо, ниту Вирц откако го напуштија германскиот клуб.

Алонсо доби отказ во Реал Мадрид во јануари, додека Вирц не успеа да ја оправда својата цена од 134 милиони евра со настапите во Ливерпул.

Сега Алонсо се согласи да го преземе Челзи и потпишал четиригодишен договор, а веднаш во својот тим сака да го доведе токму Вирц. Челзи покажал огромен интерес за него и покрај тоа што имаше разочарувачка дебитантска сезона на „Енфилд“.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул е подготвен да го продаде Вирц, но само за вистинска цена. Сигурно е дека во клубот не сакаат да загубат многу пари во однос на сумата што му ја платија на Баер Леверкузен минатото лето.

Чаби Алонсо сака многу нови играчи ова лето во Челзи, а јасно е дека ќе има и заминувања од клубот. Сепак, она што не му оди во прилог е фактот дека овој тим следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, ниту во кое било друго европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести