Чалханоглу спасуваше во 120+, Милан се пласира во ЛЕ по драматичниот пенал-рулет (видео)

Милан се спаси од бламажа против Рио Аве и по драматичните пенали, успеа да се пласира во групите од Лигата на Европа. Росонерите во судиското надополнување oд продолженијата дојдоа до израмнувачки гол за 2-2 преку Чалханоглу, кој ја одведе средбата во решавање преку пенал-рулет.

Домаќините беа блиску до сензација со голот на Желсон, кој погоди за 2-1 на стартот од дополнителните 30 минути, а дури во последните моменти од средбата, избраниците на Пиоли добија шанса да израмнат со изведување на најстрога казна.

За да се одреди победникот, потребно беше сите играчи да шутираат по еднаш, по што повторно шутираа првите изведувачи. Бенасер не го реализира вториот негов обид, ниту Гералдес на другата страна, а Адерлан не одговори по погодениот пенал на Кјаер, па по 24 изведени пенали, Милан среќно помина во следната фаза.

https://twitter.com/UtdHenrique/status/1311772659374608388

- Оглас -

Најнови вести