Чао Мадрид – Атлетико може да остане без одбрана

Во таборот на Атлетико Мадрид налето може да се случи егзодус, Диего Симеоне може да остане без четворица клучни дефанзивци. На тројца од нив им истекуваат договорите по крајот на оваа сезона, додека Баерн се обидува да го купи Лукас Ернандес за 80 милиони евра.

Најголема загуба би бил капитенот Диего Годин, кој никако не може да се договори околу платата со претставниците на клубот, па преговорите околу нова соработка засега мируваат. Филипе Луис и Хуанфран, исто така, ќе бидат слободни играчи веќе следното лето, а засега нема реакција од раководството околу договорите на бековите.

Изминативе години сите четворица се дел од клучните играчи на тимот, особено уругвајскиот капитен, кој е главна алка во одбраната. Симеоне и управата имаат време до јуни да ги осигурат услугите на своите фудбалери или, пак, налето ќе има комплетен ремонт на последната линија.

Атлетико на шести јануари гостува кај Севилја со стартот на вториот дел од сезоната во шпанскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести