Чави: Би сакал во соблекувалната да го имам Пујол

Барселона полека влегува во добра форма. Тимот има четири победи и две нерешени во псоледните шест меча, па затоа владее оптимизам пред денешниот дуел против Атлетик Билбао.

Каталонскиот гигант моментно има дури 18 бода помалку зад лидерот во првенството Реал Мадрид, но и два меча помалку. Тренерот Чави Ернандес вели дека не е изненаден од голгетерската форма на Пјер Емерик Обамејанг и дека очекува Барселона да ја врати преопознатливата игра од времето кога доминираа на теренот.

„Воопшто не бев изненаден од способноста на Обамејанг да постигнува голови. Во тимот одлично се вклопија и Траоре и Торес и тие секако се засилувања во екипата. Мораме да продолжиме да победуваме и да ја вратиме идејата за фудбалот која не направи големи и славни. Многу е важно луѓето да ја гледаат таа Барселона“, вели Чави.

Еден од најголемите оптимисти за тоа какви резултати ќе има Чави во Барселона е неговиот некогашен соигра, Карлес Пујол, кој рече дека се обложува во вечера за тоа дека Чави ќе донесе титула на „Камп Ноу“.

„Со Пујол секако ќе одиме на вечера. Математиката вели дека тешко можеше да стигнеме до титулата. Карлес секогаш бил голем оптимист, многу верува во мене и многу ми е мило за тоа. Би сакал да го имам во соблекувалната на Барселона“, додаде Чави.

- Оглас -

Најнови вести