Чави дојде а Барселона повторно блеска (ВИДЕО)

Како што е познато, Чави е назначен за нов тренер на Барселона рано утринава, а тимот денеска игра одлично против Селта Виго.

Каталонскиот гигант потсети на некои подобри времиња и по 20 минути доминира на гостувањето и има водство од 2:0.

Првиот гол беше мала мајсторија на „новиот“ Меси, Ансу Фати во 5. минута, а стрелецот на вториот погодок беше Серхио Бускетс во 18. минута.

Дали ова значи и полека, но, сигурно излегување од кризата на каталонскиот тим, тешко е да се каже, но, почетокот за сега е добар.

 

- Оглас -

Најнови вести